
TipTipe им треба на сите корисници на компјутер, а посебно на оние корисници кои работат со многу текст. Исто така TipType им треба на сите оние кои сакаат да изгледаат професионално кога го користат компјутерот.
Изучувањето треба да започе уште при првиот контакт со тастатурата. Многу е важно корисникот правилно да научи да ја користи тастатурата пред да добие погрешни навики при пишувањето.
TipType можете бесплатно да го превземете од www.tiptype.com/download. По инсталацијата програмот можете бесплатно да го пробате десет пати.
TipType работи на минималната конфигурација на PC на кој може да се инсталира WindowsXP, односно P3 на 400Mhz со 128 MB RAM и 3 МB слободен простор на дискот.
Заради поддршката за македонска тастатура TipType моментално е наменет само за WindowsXP.
Во тој случај оперативниот систем нема поддршка за кирилица. За да инсталирате кирилица на компјутерот следете ги наведениве чекори:
Разликата помегу распоредот на буквите во TipType и распоредот кога пишувате документи е во тоа што TipType користи македонска поддршка за тастатура, а при пишување на документи често се користат фонтови. Фонтовите полека се исфрлаат од употреба бидејќи при пишување на документи може да се користи македонскатата поддршка за тастатура која е поунифицирана од фонтовите.
Доколку имате други нејаснотии или прашања можете да се обратите на email адресата contact@tiptype.com