Дактилографија

Што е дактилографија?

Дактилографија е вештина која овозможува брзо и точно пишување со десет прсти без гледање во тастатурата. Всушност тоа е правилно пишување.

Предностите на дактилографијата?

Предностите на правилното пишување се неспоредливи во однос на пишувањето со два прсти или повеќе прсти со гледање во тастатура. Кај неправилното пишување се движат целите дланки и се има престава дека се пишува брзо, додека кај правилното пишување се движата само прстите, а пишувањето во суштина е многу побрзо. При пишувањето грешките се корегираат веднаш и не се губи време истите накнадно да се бараат. Кога се внесува текст, напорите се насочени кон мислата и самиот тој факт дава предност. Кога се препишува текст не се губи време во повторно барање на редот од каде се продолжува бидејќи погледот останува само во материјалот од каде се препишува. При евентулна грешка истата се корегира без да се погледне во мониторот.

Појава на дактилографијата.

Дактилографијата се појавува со појавата на машината за пишување. Првата машина за пишување била изработена и наменета за слепи лица. Таа била по големина и во форма на клавир. Брзината на процесот на пишување ги мотивирало луѓето да изработаат и машина за масовно користење. Во почетокот тие биле примитивни и секоја земја си имала свој распоред на буквите во тастатурата. Со економскиот и општествениот развој се појавуват се` посовремени машини за пишување, а во 1888 година донесена е меѓународна декларација за унифицираност на распоредот на буквите во тастатурата. Пишувањето на машина не е лесен процес и тоа го можеле само специјално обучени лица – дактилографи кои обуката ја стекнувале со повеќемесечни курсеви со секојдневна и повеќечасовна обука.

Денес тоа е сосема поинаку. Совладувањето на техниката за правилно пишување на компјутерска тастатура е релативно лесно и брзо. Со TipType можете за само десет часа да ги совладате правилните движења за правилно пишување.

Дактилографија - професија или вештина?

Забрзувањето на работните процеси е приоритет во пазарната економија без исклучок во сите сфери, а се разбира и во канцелсриското работење. Примената на компјутерската технологија во канцелариското работење значи да се зголеми ефикасноста на работењето и да се намалат трошковите за хартија и печатење. Илузорно е некој да го пишува текстот, а друг истиот да го внесува во компјутер. Професијата дактилограф е надмината, а тоа значи дека секој корисник на компјутер треба да ја совлада техниката за правилно пишување како би бил рационален на работното место. Во администрацијата компјутерите и покрај огромните предности скоро 90% се користат само како замена на машините за пишување. Тоа ја зголемува потребата за да се совлада техниката на правилно пишување. Замислете деловниот партнет кој треба од Вас да добие порака по E-mail чека еден час, а истиот текст може да се напише за само десет минути. Потребатата од совладување на вештината за правилно пишување не се однесува само на професионално ниво туку и надвор: во користење на интернет, во школството и др.

Од која возраст треба да се почне?

Потребата од совладувањето на техниката за правилно пишување се потврдува со фактот што во информатички развиените земји совладување на техниката за правилно пишување отпочнува веднаш со процесот на описменување. Таа пракса за прв пат кај нас се примена во училишниот центар КИБОРД од Охрид од каде произлезе и овој програм.

Постојат повеќе причини зошто е препорачливо да се почне од помала возраст:

  • Децата сеуште не совладале погрешни движења за кои покасно ќе треба повеќе време да се надминат.
  • Немаат навика да се гледаат во тастатурата, а тоа значи полесно и побрзо можат да ја совладаат техниката за правилно пишување.
  • Интересот е поголем за совладување на оваа вештина од помала возраст затоа што ако постигнале некаква задоволувачка брзина со неправилни движења и со два или повеќе прсти обично понатака немаат интерес за совладување на вештината за правилно пишување.
  • Совладаната вештина за правилно пишување како и секоја друга вештина (пливање, возење велосипед, скијање и сл. не се заборава туку само се надградува и усовршува.

Децата од помала возраст немаат брзина но имаат голем талент во совладување на правилата и многу брзо учат. Со тек на време ја совладуваат и брзината. Со друг збор од мали ја совладуваат техниката за паравилно пишување. При совладување на оваа вештина најадекватно се применува слоганот - најдобро се учи од мал!

Изградете свој IT имиџ,

Бидете брзи и ефикасни,

Изгледајте професионално,

Пробајте го TipType бесплатно

Последни вести

Најнова верзија: TipType 1.0.0.24

Измени и дополнувања:

  • Зголемен бројот на текстуални вежби.
  • Вежби за нумеричката тастатура.
  • Нови подобрени инструкции.